Со емпатија и знаење до подобра заедница: Едукативна средба со учениците од Х.Т.Карпош

Реализиравме едукативна посета и во ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, каде со учениците разговаравме за одговорно сопствеништво, грижата за животните и значењето на хуманиот однос кон бездомните кучиња.

Особено ни е драго кога гледаме љубопитни, внимателни и емпатични деца кои сакаат да учат како можат да придонесат за подобра заедница. Токму преку ваква едукација се создаваат генерации кои ќе знаат дека одговорноста кон животните е дел од културата и зрелоста на едно општество.

Веруваме дека секој разговор, секоја научена лекција и секоја развиена емпатија кај децата е чекор напред кон похумана иднина за сите.

Голема благодарност до училиштето за поканата, топлиот пречек и прекрасната атмосфера.

Волонтирај