На 26 септември, од 11:00 до 15:00 часот, дворот на Лајка за првпат ќе се претвори во место за готвење, дружење и создавање убави спомени со кучињата кои го чекаат својот дом.
„Чинија љубов“ е иницијатива на граѓани за готвени оброци за кучињата кои сѐ уште го чекаат својот дом.
Овојпат, заедно ќе ги подготвуваме оброците токму во Лајка, а денот ќе го поминеме во друштво на нејзините највесели жители.
Специјална гостинка ќе биде проф. д-р Наташа Ѓорговска, научен советник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Институт за Сточарство и рибарсто, но и авторка на книга посветена на деликатеси и готвени јадења за кучиња и мачки.
Книгата ќе биде достапна на самиот настан, а собраните средства ќе бидат донирани за потребите на Лајка.
Приклучи ни се со намирници, помош околу готвењето или едноставно со време и внимание за кучињата. Секоја рака е добредојдена, а секоја чинија значи многу.
Пријавување и информации за намирници на следниот линк: https://forms.gle/BYTGDY2ynvUpmecy6
Локација на Лајка: https://share.google/iRmdfqOCRxs2EbFjT
26.09, сабота
11:00–15:00 часот
Дворот на ЈП Лајка